Услуги

Подготовка за Интервјуа

Ви помагаме да изградите самодоверба и да ги подобрите вашите комуникациски вештини за работни интервјуа на германски или англиски јазик. Нашата обука опфаќа чести прашања, ефективни одговори и професионален јазик, за да оставите одличен впечаток и да ги зголемите вашите шанси за успех.

Подготовка за испити и државна матура

Максимизирајте го успехот на вашиот испит со нашите приспособени стратегии за подготовка и врвни студиски материјали. Нашето упатство чекор-по-чекор ви помага да се фокусирате на клучните области и ефикасно да управувате со вашето време. Придружете ни се сега и постигнете ги вашите академски цели со леснотија!

Најчесто поставувани прашања

Книгата по која се учи курсот се состои од 300 страни од Гете Институтот со наслов “Begegnungen” и истата можете да ја набавите самите или да Ви ја испратиме ние во пдф формат.

Уплатата оди преку Western Union или преку германска сметка. Ребека и целиот тим на Lingua Smart Academy Ви Благодари за довербата и со гордост кажуваме дека инвестирањето во Вашето знаење е безценето.

Совет од Ребека е да се структурира курсот со учење три пати во неделата за студентот да го совлада предвидениот материјал, со постојана и континуирана комуникација се збогатува Вашиот речник а мозокот размислува на повеќе опции.Таа е секогаш тука за дополнителна помош.

Домашната задача ни ја испраќате на WhatsApp или на Viber. +1(650) 931-5660

За комплетна организација и изучување на овој курс потребен Ви е таблет или компіутер за да ja следите книгата и телефон за да го слушате аудио делот, како и тетратка за да водите белешки согласно текот на часовите.

Потребно е да ги зачувате снимените часови а предност е тоа што можете Вие да одлучите колку пати да ги преслушувате истите.

Студентите се секогаш на прво место во нашата Академија и она кое е од огромно значење за нас е студентот да знае и да се чуствува слободно во секое време да се консултира со Ребека во однос на проверка.

Часот е структуриран во временска рамка од 60 минути.

 

"Образувањето е најмоќното оружје што можете да го користите за да го промените светот"

 – Нелсон Мандела